Знае ли моето дете дека го сакам?

Новости

јануари 28, 2014

Секое дете е различно и додека едно не може да се презасити од прегратки и мазења, друго по само една минута бега и продолжува да си игра. Сигурно го познавате вашето дете и неговите потреби па така и најдобро ќе можете да процените што тоа очекува од вас. Еве неколку совети кои може да ви помогнат:

Ритуали

Ритуалите бараат само неколку минути, но сепак тие на детето ќе му ја понудат и дадат потребната доза на сигурност. Заедничкиот доручек или приказна за добра ноќ се многу едноставни ритуали. Можеби имате игра која ја играте само додека сте во набавка на намирници во супермаркетот. Измислите ритуали кои ќе бидат само ваши. Мислете и на тоа дека ритуалите не можете баш секогаш и секаде да ги користите. Тие се резервирани за одредени ситуации и можеби ќе потраат додека детето ги прифати. Само бидете трпеливи.

znae-li-moeto-dete-deka-go-sakam-2

Мазење и гушкање

Децата ја сакаат телесна близина и чувството на заштита, но кога родителите имаат повеќе стресни денови, тогаш мазењето знае да трае пократко. Затоа секогаш најдете доволно време за мазење, станете малку порано и искористете го тоа време за позитивни мисли пред да почне денот и стресот.

Посветување на внимание

Нормално дека вашето дете несака и не мора да биде постојатно во вашиот фокус, но и децата сакаат да се сфаќаат сериозно и да им се посвети време. Добар момент за тоа се семејните оброци. Што е тоа што детето денес доживеало, што му се случило, што го расположило…? Ќе се изненадите што се можете да дознаете за детето низ таквиот разговор.

A mother playing with her children

“Смешни” изненадувања

Замислете си го секојдневието и потоа замислете некој наеднаш ве одведе некаде на краток одмор. Изненадувањата се возбудливи, радуваат и не мора многу да ве чинат. Наместо ручек дома, направете пикник во паркот.

Наместо гледање на телевизија, навечер изиграјте неколку партии од омилената друштвена игра на вашето дете. Сигурно ви текнуваат уште многу други идеи кои може позитивни да го изненадат вашето дете!

“Те сакам”

Толку е едноставно, што родителите некогаш и го забораваат. Мала пофалба или убави зборови ги прават децата среќни! Внимавајте секогаш да му кажете на вашето дете и по нешто убаво. Детето ќе се радува и на едноставното “Те сакам!”, “многу ми се допаѓа како си ја средил/а собата” или пак ако не се видите во текот на денот, оставете порака. Убаво е да ја најдат под својата перница или во торбата за доручек.

Бидете добри кон себе

Ако ги запоставувате своите желби и потреби, нема да е ни чудно ако се соочувате со постојан стрес или лошо расположение. Децата имаат многу добри ‘антени’ и го чувствуваат вашето незадоволство. Земете си време и малку одморете од сè, сигурно имате кој повремено да ги причува вашите деца.


Leave a Reply