Речник на лични имиња

Речник на лични имиња
Многумина размислуваат како да се вика нивното новороденче. Исто така, голем број се прашуваат што значи нивното име. Треба да се истакне дека изборот на името, пред сѐ, зависи од желбата и вкусот на родителите. Овој македонски речник содржи околу 2500 лични имиња, кои најчесто се употребуваат во современиот живот на нашиот народ.

Најпрвин е дадено основно име по азбучен ред, а потоа е означена родовската припадност на името. Од десната страна по цртичката со скратеница се обележува јазикот од кој е дојдено (доколку тоа е туѓо) и на крај се објаснува неговото значење.

ААвакум м – библиско име, на евр. борец, коешто е давано кај нас како заштитно име при смртност на децата.

Аврам м – библиско име, евр. Абрахам, татко на многу потомци.

Авросија м/ж – грч. бесмртен, божествен – име на календарски светец, разновидност на Амвросиј; Авросије м – прав. недосл.: Авросие.

Агапа ж – грч. сакање, љубов – име на календарска светица; Гапе м – скр. од грч. сакан- име на календарски светец.

Аглаија м – грч. светла – разновидност на Аглае; Аглаица ж.

Агна ж – од јагне (кротка како јагне).

Адам м – библиско име, на евр. човек; Даме м – скр. од Адам или од Дамјан; Дамче м – хип. од Даме.

Аксенти м – Авксенти м – грч. којшто зголемува; Аксентија м – од Авксентија; Сенто и Сенте м – видоизменето од Аксенти.

Алберт м – герм. скр. од Adalbert благородно блескав; Алберта и Албертина ж – женски форми од Алберт; Берта ж – скр. од Алберта.

Александар м – грч. заштитник на мажите; Александра ж – женска форма од Александар; Алеко м – видоизменета форма од Александар или од Алекса; Аљоша м – рус. хип. од Александар; Санда, Сандра ж – скр. од Александра; Сандо, Санде, Сандро, Сане м – скр. од Александар; Санко м – видоизменето од Александар; Саша м/ж – руска измена на Александар; Сашо и Саше м – македонски форми од Саша; Сашка ж – хип. од Саша; Сашко м – хип. од Сашо; Сања ж – скр. од Александра.

Алекси м – грч. којшто носи помош, заштита; Алеко м – видоизменето од Алекса или од Александар; Алекса, Алексо, Алеко, Лекси, Лексо, Лесо м – скр. од Алекси.

Алојз м – лат. којшто е многу паметен, од старогерманско потекло.

Алтана ж – од тур. злато, златна; Алтанка ж – хип. од Алтана.

Алфред м – фр. или герм. мал советник.

Ана ж – евангелиско име, евр. Ханнах благодет; Анета ж – фр. хип. од Ана; Аника, Аница, Анкица, Анка ж – хип. од Ана; Анче ж – разговорен хип. од Анка, Ана; Ања ж – варијанта на Ана; Ханка ж – од Анка; Нета ж – скр. од Анета или декомпозирано од Нетка (Неда + – ка); Нетка ж – хип. од Нета; Ница ж – скр. од Аница или Деница.

Ананија м – библиско име, евр. божји благодет; Анание м – варијанта на Ананија.

Анастас м – грч. воскреснат; Анастасие, Анастасије м – варијанта на Анастас; Анастасија ж – грч. женска форма- име на календарски светици; Анастазија ж – варијанта на Анастасија; Анасто м – скр. од Анастас; Наста ж – скр од Анастасија; Ната ж – видеоизменето од Наста или скр. од Наталија; Таса, Таска ж – скр. од Анастасија; Тасо, Тасе м – видоизменето од Анастас.

Анатоли м – грч. исток; Анатол м – разновидност на Анатоли.

Ангел м – грч. известувач; Ангеле м – варијанта на Ангел; Ангелина ж – женска форма од Ангел, скр. од Евангелина; Ангелка ж – женска форма од Ангелко; Ангелчо, Ангелче м – хип. од Ангел; Ангуш м – од Анг(о)+уш; Анѓа ж – скр. од Ангелина; Гело, Геле м – скр. од Ангел, Рангел; Гина ж – скр. од Ангелина; Гинка ж – хип. од Гина; Ина, Лина ж – скр. од Ангелина, Илина, Ирина и др.

Андреј и Андреја м – грч. мажествен – име на евангелиски апостол; Андро, Андре м – скр. од Андреј; Андреа м/ж – прав. недосл.: Андрија, Андрејко, Андрејчо м – хип. од Андреј; Андрејана, Андријана ж – женска форма од Андреј.

Андромахе ж – грч. којашто се бори со мажите – име од античката митологија.

Андроника ж – грч. победа над мажите или мажопобедителка.

Анести м – грч. бездомен.

Антим м – грч. оној којшто е во најдобро здравје – име на календарски светец.

Антина ж – грч. направена од цветови.

Антон м – лат. име на староримски род; Анто, Анте м –скр. од Антон; Анта м/ж – варијантна на Анто; Антоанета, Антонета, Антонина ж – женска форма од Антон; Антонија м/ж – постара форма на Антон-име на календарски светец; Антонијо, Антонио, Антоние м – варијанти на Антонија м; Антица ж – хип. од Анта; Андон м – новогрчко озвучување на -нт бо -нд; Андо м – скр. од Андон; Дода ж – женска форма од варијантата на Андон; Дона, Донка ж – женска форма од Доно; Доце м – видоизменето од Доно; Доца ж – видоизменето од Дона, Тодорка, Доста, Евдокија и сл.; Тоне, Тони м – видоизменето од Антон; Тоница, Тонка ж – женска форма на Тони.

Апостол м –  грч. апостол, пратеник; Апостоле м – од Апостол; Столе м – скр. од Апостол.

Арангел м – грч. постар ангел (архангел); Аранѓел м – прав.недосл.; Рангел, Гело, Геле м – скр. од Арангел, Ангел.

Аргир м – грч. сребро; Аргил м – од Аргир со дисимилација на второто р; Аргира ж – женска форма од Аргир.

Аризан м – грч. подарува; Хари м – скр. од Аризан; Ризо м – скр. од Аризан, корен, племе, род; Риза ж – женска форма наспрема Ризо.

Аристид и Аристиди м – грч. најдобровиден.

Аристотел м – грч. којшто е најдобар во совршенството.

Аркадие м – грч. жител на областа Аркадија.

Арсенија м – грч. мажествен, јуначен-име на календарски светец; Арсо, Арсен м – скр. од Арсенија; Арсена ж – женска форма од Арсен; Сенко м – хип. од Арсен; Сене м – видоизменето од Арсен Асен.

Архонде м – грч. господар, големец.

Асен м – име на владетел, сродно со Хасан убав; Асенија м – од Асен + -ија; Јасе м – скр. од Асен со јотација; Јасенко м –хип. од Асен со јотација; Јасенка ж – женска форма наспрема Јасенко, преосмислено според дрвото јасен или според придавката јасен.

Аспарух м – име од персиско потекло; според едни виорен коњ, според други владетел на бело коњи.

Аспасија ж – грч. пријатна, мила.

Атанас м – грч. бесмртен-име на календарски светец; Атанасие, Атанасије м – варијанта на Атанас; Атанаска ж – женска форма од Атанас; Атанаско, Ацо м – хип. од Атанас; Аце м – паралелна форма на Ацо; Ацко, Аче, Ачо м – хип. од Атанас; Нако м – скр. од Атанас или Најден; Нано м – видоизменето од Атанас или од Најден; Нане, Насе, Насо м – хип. од Нано; Насте, Насто м – скр. од Атанас; Танас м – видоизменето од Атанас; Тане, Тано м – скр. од Танас; Тана ж – женска форма наспрема Тано; Танчо, Танче м – хип. од Тано; Сија ж – скр. од Анастасија, Танасија.

Атина ж – грч. име на божицата на мудроста во античката митологија, заштитиничка на градот Атина.

Афродита ж – грч. љубовна наслада-име на божицата на љубовта и убавината во античката митологија и име на една од христијанските светици.

Ахил м – грч. којшто е ненахранет, нерасипан, непоткуплив-име од античката митологија на најголемиот ахиски јунак во Тројанската војна; Ахило м – од Ахил; Ахилеј м – постара форма на Ахил; Ахилеа м – разновидност на Ахилеј.

ББано м – од постарото бан 1. областен владетел; 2. големец, богаташ; Бане м – варијанта од Бано; Банчо м – хип. од Бано.

Барко м – од ромски баро, голем, значаен, богат.

Бато м – од бато, галовна форма за обраќање кон постар брат; пожелно име: да стане бато, да порасне, да има помлади браќа и сестри.

Бесцена ж – од бесценет, скапоцен; Беза ж – скр. од Бесцена.

Билбил м – од пер. -тур. славеј;

Било м – од билје, лековита трева; Билјан м – од Бил(о) + -ан; Билјана ж – женска форма наспрема Билјан; Биљана ж – прав. недосл.: Билјана.

Бисер м – од бисер; Бисера ж – женска форма наспрема Бисер; Биса ж – скр. од Бисера; Бисерка ж – хип. од Бисера; Бисо м – скр. од Бисер.

Бистра ж – од бистра; Бистрица ж – од Бистра + -ица или според Бистрица-често име на реки.

Благој м – од благ или слободен превод на грч. Вангел; Благое, Благоја, Благоје м – прав. недосл. од Благој; Благојка ж – женска форма од Благој; Благо, Благи, Благе м – скр. од Благој; Блага ж – од блага во смисла добра или женска форма од Благо; Благица ж – хип. од Блага; Благојче, Благојчо м – хип. од Благој; Благун м – од Благ(ој) + -ун; Благуна ж – женска форма од Благун; Блажо, Блаже, Баже м – разновидност од Благо.

Благомир м – сложенка од благ и мир.

Благородна ж – превод на грчкото Евгенија; Родна, Ронча ж – скр. од Благородна.

Богатин м – пожелно име; да биде богат.

Богдан м – даден од бога, одговара на грчкото Теодосиј; Богдана и Богданка ж – женска форма од Богдан; Боби м – скр. од Богдан; Бобе м – разновидност на Боби; Бога ж – скр. од Богдана; Богина ж – од Бог(а) + -ина;  Богица ж – од Бог(а) + -ица; Божо м – скр. форма од Богдан; Божин м – од Бож(о) + -ин; Божол м – од Бож(о) + -ил; Божина ж – женска форма од Божин; Бона ж – скр. од Богдана или Бојана; Бонка ж – хип. од Бона; Дана ж – скр. од Богдана или од Јордана; Даница, Данка ж – хип. од Дана; Даре м – скр од Божидар (детето е дар); Дара ж – женска форма наспрема Даре; Дарка ж – хип. од Дара; Дарко м – хип. од Даре; Дарина ж – од Дар(а) + -ина; Даринка ж – хип. од Дарина.

Богољуб м – којшто го сака бога или драг на бога, одговара на грчкото Теофил.

Богомил м – мил на бога; Богоја м – скр. од Богомил или од Богдан; Богоје м – прав. недосл.: Богое;

Богомир м – сложенка од бог и мир, мир од бога.

Богослав м – сложенка од бог и слав(а), којшто го слави бога; Богосав м – варијанта на Богослав.

Божа м – од придавката божја, заречена на бога; Божана ж – од Бож(а) + -ана; Божо м – машка форма од Божа или Богдан; Божил м – од Бож(о) + -ил; Божин м – од Бож(о) + -ин; Божина ж – женска форма од Божин.

Божидар м – сложенка од бог и дар, дар од бога, превод на грчкото Теодор; Божидарка ж – женска форма од Божидар.

Божурка ж – од божур, вид цвеќе.

Бојан м – старо име од тур. богат; се зацврстило како народно име и е преосмислено според глаголот се бои, да се бојат од него; Бојана ж – женска форма од Бојан; Бојанка, Бјанка, Бојка ж – хип. од Бојана; Бона ж – скр. од Бојана; Боне м – скр. од Бојан; Бонка ж – хип. од Бона; Боја ж – скр. од Бојана; Боби, Бобе м – разновидност и скр. од Бојан.

Бојо м – пожелно име: да се бојат од него, да сее страв, да биде силен в бој; Боја ж – женска форма наспрема Бојо; Бојдан м – од Бојо со вметнато д + -ан; Бојка ж – женска форма наспрема Бојко; Бојче и Бојчо м – хип. од Бојо.

Боривој м – сложенка од бори и вој, борец и воин; Боривое, Боривоје м – варијанти на Боривој;

Борис м – историско име со нејасно значење; Бора ж – женска форма на Борис; Боре м – хип. од Борис; Борка ж – хип. од Бора; Боце, Боше м – во поново време од Борис; Боша ж – женска форма од Боше; Боби, Бобе м – скр. и разновидност од Борис.

Борислав м – сложенка од бори и слав(а) којшто се бори за слава; Борисав м – варијанта на Борислав; Борислава ж – женска форма од Борислав.

Борјана ж – од глаголот се бори или од бор, вид дрво; Борјанка ж – хип. од Борјана; Бора ж – скр. од Борјана.

Боро м – од бор, вид дрво; Бора м/ж – варијанта на Боро; Борка ж – хип. од Бора; Борчо и Борче м – хип. од Боро.

Босилко м – од босилок, вид цвеќе; Босилка ж – женска форма наспроти Босилко; Боса ж – скр. од Босилка; Силко м, Силка ж – скр. и варијанти на Босилко.

Брајко м – од брајко, брате мој – пожелно име: да остане жив и здрав и да има браќа и сестри.

Бранимир м – од старото Бранимер, силен во војна или бранител на мирот; Брана ж – скр. од Бранимир; Бране м –скр. од Бранимир; Бранко м – хип. од Бране; Бранка ж – женска форма наспрема Бранко.

Бранислав м – сложенка од брани и слава, бранител на славата; Бранислава ж – женска форма од Бранислав; Брана ж – скр. од Бранислава;

Бративој м – сложенка од брат и вој, којшто војува за своите браќа.

Братимир м – сложенка од брат и мир, којшто живее во мир со своите браќа; Братица ж – од Брата + -ица.

Братислав м – сложенка од брат и слава, којшто ги слави браќата.

Будимир м – сложенка од буди и мир, којшто буди мир-старо име, востановено во литературниот пат; Будимирка ж – женска форма од Будимир; Будим м – скр. од Будимир; Будимка ж – женска форма од Будим.

ВВалентин м – лат. здрав, силен; Валентина ж – женска форма од Валентин.

Варвара ж – грч. варварка, негркинка-име на календарска светица; Варе м – скр. од Варвара.

Василиј м – грч. царски, царствен, старо и црковно име; Василија ж – женска форма од Василиј; Васил м – скр. од Василиј; Василка ж – женска форма од Васил; Васа ж – скр. од Василка; Васе, Васо м – скр. од Васил; Васка ж – хип. од Васа; Васко м – хип. од Васо; Василика ж – грч. царствена; Веса ж – скр. од Василика; Веска ж – хип. од Веса; Веско м – хип. од Весо.

Везира ж – ар.-тур. прв султански помошник.

Велизар м – грч. старотракиско име, генерал на императорот Јустинијан.

Велик м – од велик, голем, пожелно име: да биде голем, велик; Велика ж – женска форма од Велик; Веца ж – хип. од Велика; Величе, Величко м – хип. од Велик; Вецо, Вецко м – хип. од Величко.

Велислав м – сложенка од вели и слава, старо име-којшто има голема слава.

Велимир м – сложенка од вели, (голем) и мир, оној што има голем мир; Вело, Веле, Велјо, Вељо м – скр. и варијанти од Велимир; Велија м – од Вел(е) + -ија; Велин м – од Вел(е) + -ин; Велјан м – од Вел(о) + -ан; Велко м – од Вело.

Венера ж – лат. милина, убавина, љубов, името на римската божица на љубовта и убавината.

Венета ж – според името на областа Venetia, во северна Италија.

Венцеслав м – слободен превод на грч. Стефан.

Вера ж – црковен превод од грч.; Верица, Верка, Верче ж – хип. од Вера.

Вергин м – лат. име на род, дојдено кај нас по литературен пат; Вергина ж – женска форма наспрема Вергин.

Вердин м – од Веро + -дин.

Вероника ж – лат. име на египетски царици, кај нас дојдено по литературен пат.

Веселин м – од весел + -ин, пожелно име: да биде весел или да ги весели своите блиски; Веселина ж – женска форма наспрема Веселин; Веселинка ж – хип. од Веселина; Весела, Веса ж – скр. од Веселина; Весо м – скр. од Веселин.

Весна ж – пролет, име на словенска божица на пролетта.

Видослав м – сложенка од види и слава, пожелно име: да биде виден, познат, со слава; Видосава ж – женска форма од Видосав; Видо, Виде м – скр. од Видослав; Видан м – Видо + -ан; Видана ж – Вида + -ана; Вида ж – скр. од Видана.

Викенти м – победник-име на календарски светец.

Виктор м – лат. победник-име на календарски светец; Викторија ж – лат. победа.

Вилијам м – англ. цврста заштита (веројатно од името на Шекспир); Вилма ж – герм. скр. од Вилхелмина.

Винко м – од вино; Винка ж – женска форма од Винко.

Виолета ж – од фр. темјанушка; Лета, Летка ж – скр. од Виолета.

Витомир м – постаро Витомер-старо име, витез, победник, јунак; Вито, Вите м – скр. од Витомир; Вита ж – женска форма наспрема Вито.

Вишеслав м – сложенка од више, повеќе и слава, старо име, многу славен човек; Виша, Вишка ж – скр. женска форма од Вишеслава.

Вишња ж – прав. недосл.: Вишна, од вишна, вид дрво.

Вјачислав м – рус. со поголема слава.

Владимир м – видоизменето од Владимер, старо име, велик владетел; Владимирка ж – женска форма од Владимир; Владо м – скр. од Владимир; Владан м – Владо + -ан; Владанка ж – женска форма наспрема Владан; Влатко м – хип. од Владо; Властимир м – разновидност на Владимир; Миро м – скр. од Владимир; Мира ж – женска форма наспрема Миро; Мирка ж – хип. од Мира; Мирко м – хип. од Миро; Мирчо, Мирче м – хип. од Миро.

Владислав м – сложенка од владее и слава, старо име, којшто владее со слава; Владослав м – варијанта на Владислав; Славо, Славе м – скр. од Владислав; Слава ж – женска форма наспрема Славе; Славица ж – од Слава + -ица; Славка ж – хип. од Слава; Славко м – хип. од Славе.

Воимир м – сложенка од војува и мир, којшто војува за мир.

Воин м – од воин, јунак, борец или видоизменето од Војдан.

Воислав м – сложенка од војува и слава, старо име, којшто војува за слава.

Водјан м – даден од војната; Војан м – варијанта на Војдан; Војдин м – разновидност на Војдан; Војо м – скр. од Војдан.

Волкашин м – од Волк + -шин; заштитно име: да не му пакостат волците; Волче м – од Волк; Вуко м – од Вук, волк; Волкан м – од Волко + -ан; Вукан м – од Вуко + -ан; Вукица ж – од Вуко + -ица; Вукашин м – од Вук + -ашин.

Воскресија ж – превод од грч.; Васкресија ж – варијанта на Воскресија; Воскра, Воскре ж – скр. од Воскресија.

ГГаврил м – библиско име, на евр. божја крепост; Гаврило м – од Гаврил; Гавро, Гага м –скр. од Гаврил.

Гајта ж – од гајтан (ит. тур.), осмислено според изразот гајтан веѓи, тенки, убави веѓи.

Галина ж – од рус. мир, тишина, веселост; Галена ж – разновидност на Галина.

Гало м – од старинското гал, црн, мургав-заштитно име; Гале м – од Гало.

Генади м – грч. благородник; Генадија ж – женска форма од Генади.

Геновева ж – лат. име на католичка светица, кај нас распространето по литературен пат.

Георги м – грч. земјоделец, име на календарски светец; Георгија, Ѓорѓија ж – женски форми наспрема Георги; Георге, Ѓеорѓе, Ѓорѓе, Ѓорѓи м – варијанти од Георги; Ѓоре, Ѓоро м – скр. од Георги; Ѓорче м – хип. од Ѓоре; Ѓошо, Ѓоше м – хип. од Георги; Гене м – далечна видоизменетост од Георги; Гена ж – женска форма наспрема Гене; Генче ж – хип. од Гена; Геро м – од Георги; Гергина ж – Герка + -ина; Гина ж – скр. од Гергина; Гого м – од Георги; Гога, Гоге, Гоги м – паралелни форми на Гого; Ѓуро м – од Георги; Ѓурко м – хип. од Ѓуро; Ѓура ж – паралелна форма на Ѓуро; Ѓурѓа, Ѓурѓинка, Ѓурѓица ж – женски форми наспрема Ѓуро; Јорго м – видоизменето од Георги; Џурџа ж – видоизменето од Ѓурѓа.

Герасим м – грч. почитуван-име на календарски светец; Герас м – скр. од Герасим.

Герман м – лат. близнак, име на календарски светец, горешт; Германија ж – женска форма наспрема Герман; Ѓерман м – прав. недосл.: Герман.

Голуб м – од голуб, вид птица; Голуба ж – женска форма наспрема Голуб; Голубе, Голубин м – од Голуб; Голубица ж – од голубица, вид птица; Бино м – скр. од Голубин.

Горазд м – од старото горазд, голем, јадар-име на кирилометодиевски ученик.

Господин м – превод на грч. господин, господар, стопан; Дина ж – скр. женска форма од Господина; Динка ж – хип. од Дина; Дино, Дине м – скр. од Господин; Динко м – хип. од Дино; Динго м – видоизменетост од Динко.

Градимир м – сложенка од гради и мир, старо име, којшто гради, создава мир, којшто го уредува светот; Граде м – скр. од Градимир.

Григориј м – грч. бдее, стои буден-име на календарски светец; Глигорие, Григор м – скр. од Григориј; Глигор м – скр. од Григориј; Гиго, Глишо м – скр. од Григор; Горе м – скр. од Григор и преосмислено според гора; Гора ж – женска форма наспрема Горе; Горан м – од Горе + -ан; Горица ж – хип. од Гора и преосмислено според горица; Горјан м – Горе + -јан; Горјана ж – женска форма наспрема Горјан; Горјанчо, Горјанче м – хип. од Горјан; Горка ж – хип. од Гора.

Грозда ж – вкрстено од заштитното име Гроза, дијалектна форма на грозје; Гроздан м – машка форма наспрема Грозда; Гроздана ж – од Грозда + -ана; Грозданка ж – хип. од Гроздана.

Грујо м – од дијал. груда, грутка; Грујица ж – Грујо + -ица.

Гута ж – декомпозирано од хип. Гутка, од гугутка или женска форма наспрема Драгутин.

ДДавид м – библиско име, евр. возљубен; Давитко м – хип. од Давид; Даце, Дацко, Дачо м – хип. од Давид.

Дале м – пожелно име: да му даде господ сѐ; да сака да дава или нему да му даваат.

Дамјан м – име на календарски светец, на евр. победник; Дамјанка ж – женска форма наспрема Дамјан; Даме м – од Дамјан; Дамче м – хип. од Даме.

Данаил м – грч. име на библиско пророк, на евр. божји судија; Данаило, Данајло м – варијанти на Данаил; Дане, Дано, Данил м – скр. форма од Данаил; Данојло м – варијанта на Данило; Данчо, Данче м – хип. од Дано; Дачо м – од Данаил, Давид или Јордан.

Дафина ж – од грч. дафина, лаворово дрво; Дафинка ж – хип. од Дафина; Дафа ж – скр. од Дафина; Дафо м – машка форма наспрема Дафа; Давко, Давчо м – хип. од Дафо; Дафинче м – хип. од варијанта на Дафо.

Дева ж – девојка, од црковното Света Дева Марија, атрибут на Богородица, земен како лично име.

Дејан м – работи, прави, дејствува; Дело м – од Дејан или скр. од Неделко.

Деница ж – спред ѕвездата Деница; Денка ж – од Деница или хип. од Дена; Ница ж – скр. од Деница или Аница.

Десимир м – сложенка од деси и мир, оној што сака да склучи мир; Десо м – скр, од Десимир; Деса ж – женска форма наспрема Десо; Деска ж – хип. од Деса; Десана ж – од Деса + -ана; Десанка ж – хип. од Десана.

Деспина ж – грч. господарка, госпоѓа; Деска ж – од Деспина.

Деспот м – грч. господар, владика.

Дивна ж – од дивна, многу убава.

Дијана ж – лат. којашто е божествена, божица на ловот во римската митологија.

Димитриј м – грч. посветен на божицата на плодноста; Димитар м – од Димитриј; Димитра ж – женска форма наспрема Димитар; Димитрија ж – од Димитриј; Димитрие м – варијанта на Димитриј; Димитрина ж – од Димитра + -ина; Димитринка ж – хип. од Димитрина; Димо, Диме м – скр. од Димитар; Димана ж – женска форма наспрема Диман; Мита ж – од Димитра; Митана ж – од Мита + -ана; Мито м – скр. од Димитар; Митка ж – хип. од Мита; Митко м – хип. од Мито; Митра ж – скр. од Димитра; Таки м – скр. од Димитраки.

Диоген м – грч. којшто е роден од бога, име на древен филозоф.

Дионисиј м – грч. посветен на богот Дионис-име на календарски светец; Дионис м – скр. од Дионисиј.

Добри м – од придавката добар или скр. од Добромир, Добре м – од Добри; Добра ж – од придавката добра; Добрил м – од Добре + -ил; Добрило м -  од Добрил; Добрила ж – од Добра + -ила; Добрина ж – од Добра + -ина; Добринка ж – хип од Добрина; Добрица ж – од Добра + -ица.

Добривој м – сложенка од добри и вој, оној што добро војува, добар воин; Добривое, Добривоја м – варијанти од Добривој.

Добромир м – сложенка од добри и мир, старинското име добро на светот, а во поново време модернизирано од Добри.

Доброслав м – сложенка од добри и слава, старо име којшто се слави со добро или којшто има добра слава; Добрислава ж – женска форма наспрема Добрислав; Славо, Славе м – скр. од Доброслав; Слава ж – женска форма наспрема Славо; Славица ж – од Слава + -ица; Славка ж – хип. од Слава; Славко м – хип. од Славо.

Доксе м – скр. од Евдокси.

Доминика ж – лат. недела; Доменика ж – женска варијанта на Доминика; Доминик м – машка форма наспрема Доминика; Домна ж – од Доминика.

Домника ж – грч. господарка, господарска-име на календарска светица.

Доситеј м – грч. даден од бога; Досе м – скр. од Доситеј; Дота ж – женска форма од скр. форма на Доситеј или Теодосиј.

Доста ж – од доста, доволно е: заштитно име или несакано многудетство на девојчиња или заштитно име при смртност на децата; Достана ж – од Доста + -ана; Тена ж – скр. од Достена.

Драго м – од придавката драг или скр. од Драгомир; Драге, Драги м – варијанти на Драго; Драган м – од Драго + -ан; Драгана ж – женска форма наспрема Драган; Драганчо м – хип. од Драган; Драга ж – од придавката драга; Дргаица ж – од Драга + -ица; Драгина ж – од Драга + -ина; Драгоја м – од Драго + -оја; Гана ж – скр. од Драгана; Гано, Гане м – скр. од Драган; Гага м – од Гано; Гино м – од Драгин; Драготин м – Драгота + -ин; Драгутин м – варијанта на Драготин.

Драгољуб м – сложенка од драг и љубов, оној што е драгољубен, драг и љубен.

Драгомир м – сложенка од драг и мир, оној на кого му е драг мирот, старо име драг на светот.

Драгослав м – сложенка од драг и слава, старо име оној кому му е драга славата; Драгослава ж – женска форма наспрема Драгослав.

Дренко м – од дрен, вид дрво; Дренка ж – од Дрена + -ка.

Дудо м – од дуд, црница; Дуда ж – од дијал. дуда, црничов плод.

Дуко м – од грч. водач, војвода; Дука ж – женска форма наспрема Дуко; Дуке м – од Дуко; Дукадин м – од Дука + -дин; Дукадинка ж – женска форма наспрема Дукадин.

Дуле м – од Душан или скр. од Христодул, роб на Христос.

Дума м – пожелно име: да биде слаткоречива, прикажлива, слаткодумна, според дијал. дума збор.

Дунавка ж – заштитно име: да биде вечна како реката Дунав.

Душан м – старо пожелно име: да има секогаш душа, да живее; Душанка ж – женска форма наспрема Душан; Душко м – од Душо + -ко; Душка ж – женска форма наспрема Душко; Дуле м – хип. од Душан или скр. од Христодул.

ЃЃувеза ж – од тур. темноцрвен, виолетов, сп. Румена.

ЕЕва ж – библиско име, на евр. живот; Евица ж – хип. од Ева; Ефка ж – хип. од Ева.

Евангелиј м – грч. благовестител; Евангелија, Евангелица ж – женска форма наспрема Евангелиј; Вангел м – скр. од Евангелиј; Ванге м – скр. од Вангел; Вангелија, Вангелина ж – скр. и варијанти на Евангелина; Вангелица ж – од Вангел + -ица; Вангелко, Вангелчо м – хип. од Вангел; Ванѓа ж – скр. од Вангела; Ангелина ж – скр. од Евангелина; Анѓа ж – скр. од Ангелина; Анџелина ж – од Ангелина под туѓо влијание; Гина ж – скр. од Ангелина.

Евгениј м – грч.благороден, благопристоен-име на календарски светец; Евгение, Евгени, Евгенија, Евгеније м – варијанти на Евгениј.

Евдокија ж – грч. добра волја-име на календарска светица; Евда ж – скр. од Евдокија.

Евдоким м – грч. пофален, успешен-име на календарски светец; Евдо м – скр. од Евдоким.

Евстатиј м – грч. издржлив, траен-име на календарски светец; Евстатие м – разновидност на Евстатиј.

Евстратиј м – грч. добар воин-име на календарски светец.

Евтерпиј м – грч. слободен-име на календарски светец; Елефтерија ж – грч. слобода; Лефтера ж – скр. од Елефтерија; Лефта, Лефка ж – скр. од Лефтера.

Едита м – герм. од англиско потекло, среќна во војната.

Екатерина ж – грч. којашто е чиста-име на календарска светица; Катерина, Катарина ж – скр. од Екатерина; Ката, Кате, Катина ж – скр. од Катарина; Катица ж – хип. од Ката; Кети ж – модернизирано од Ката; Тина ж – скр. од Катерина; Тинка ж – хип. од Тина.

Елена ж – грч. сончева светлина-име на календарска светица; Еленица ж – Елена + -ица; Еленка ж – хип. од Елена; Ели, Еле ж – скр. од Елена; Елица ж – од Елена, зближено според народната етимологија со дрвото ела; Елка ж – од Еле + -ка; Лена ж – скр. од Елена; Ленка, Ленче ж – хип. од Лена; Ена ж – скр. од Елена; Енка ж – хип. од Ена; Илона ж – унг. видоизменето од Елена; Јела ж – скр. од Елена; Јелена ж – прав. недосл.: Елена; Јелица ж – прав. недосл.: Елица; Јелка ж – прав. недосл.: Елка; Нела ж – од англ.; Елеонора, Еленора ж – од англ., изменето од Елена.

Елисавета ж – евангелиско име, на евр. бог се заколнал; Елизабета ж – западноевропска форма на Елисавета; Савета ж – скр. од Елисавета; Јелисавета ж – прав. недосл.: Елисавета.

Елпеника ж – грч. надеж за победа.

Елпидиј м – лат. оној што наслутува; Елпида ж – женска форма наспрема Елпидиј.

Еманоил м – библиско име, на евр. бог е со нас; Емануел м – варијанта на Еманоил; Мано, Маноил м – скр. од Еманоил; Маноило, Манојло, Манојле м – варијанти на Маноил; Манчо м – хип. од Мано; Ноле м – од Манол.

Емил м – лат. име на стара римска фамилија, ривал, распространето по литературен пат; Емилија ж – женска форма на Емил; Ема ж – скр. од Емилија; Емица ж – од Ема + -ица; Емилчо м – хип. од Емил; Емилијан м – лат. име на календарски светец; Емилијана ж – женска форма од Емилијан.

Еремиј м – име на библиски пророк, на евр. бог отфрла; Јеремија м – прав. недосл.: Еремиј.

Ерик м – скандинавско име, самовласник, самодржец; Ерика ж – женска форма наспрема Ерик.

Ефимија ж – грч. добро име, добра извесност; Фима ж – скр. од Ефимија; Фина ж – хип. од Фима.

Ефрем м – библиско име, плодородност.

Ефросина ж – грч. веселост, задоволство, радост; Фроса ж – скр. од Ефросина; Фроска ж – хип. од Фроса; Фросина ж – скр. од Ефросина; Фона ж – скр. од Фроса.

Ефтимија ж – грч. со добро настроение, благодушен, весел-име на календарски светец; Ефтимије м – прав. недосл.: Ефтимија; Ефтим м – од Ефтимија; Ефтимчо м – хип. од Ефтим; Јефтим м – прав. недосл.: Ефтим; Тимо, Тиме м – скр. од Ефтим; Тимчо, Тимче м – хип. од Тимо; Ифтим, Ивтим м – разновидност на Ефтим.

ЖЖаклина ж – фр. изведено од библиското име Јаков, на евр. придружник.

Жан м – фр. одговара на Иван; Жана ж – француска форма на Иванка или скр. од Божана, Снежана; Жанета ж – фр; Жанина ж – од Жана + -ина.

Жарко м – од жар, сп. Огнен.

Железни м – од железен; заштитно име: да биде здрав како железо.

Желимир м – сложенка од жели, сака и мир, којшто сака мир; Жељко м – прав. недосл.: Желко.

Живко м – од жив-заштитно име; Живка ж – женска форма наспрема Живко; Живан м – од Живе + -ан; Живана ж – женска форма наспрема Живан; Живанчо м – хип. од Живан; Живе, Жико м – од Живо.

ЗЗагорка ж – од дијал. загорка, жителка на област од онаа страна на планината.

Запрен м – заштитно име при несакано многудетство, или да при смртност кај децата; Запро, Запре м – од Запрен.

Зафир м – од грч. сафир, вид минерал, од источните јазици.

Захариј м – име на библиски пророк и на други светци, на евр. бог си спомнува; Захарија м/ж – црковна и дијалектна форма на Захариј; Занко, Заре, Зарко м – од Захариј; Заха ж – од Захарија.

Звонимир м – сложенка од ѕвон и мир, прав. недосл.: Ѕвонимир; Ѕвонко м – од Ѕвонимир.

Зденка ж – чешко име, чини, прави.

Здраве м – од здравје, пожелно име за здравје; Здравко м – од Здраве; Здравка ж – женска форма наспрема Здравко.

Зеленгора ж – од зелена гора.

Зинаида ж – грч. божествена како Зевс; Зина ж – скр. од Зинаида; Зинка ж – хип. од Зина.

Зино м – грч. божествен, зевсовски живот-име на календарски светец.

Зисо м – грч. да живее; Зиса ж – варијанта на Зисо.

Злате м -  од старинското злат, златен; Злата ж – женска форма наспрема Злате; Златан м – од Злате + -ан; Златана ж – женска форма наспрема Златан; Златанка, Злата ж – хип. од Златана; Златко м – хип. од Злате.

Златибор м – веројатно според името на планината Златибор во Србија.

Змејко м – заштитно име: да не му напакостат змејовите и змиите.

Зоја ж – грч. живот; Зона ж – од Зоја; Зуна ж – разновидност на Зона.

Зора ж – од зора или скр. од Зорница; Зоран м – машка форма наспрема Зора; Зоранчо м – хип. од Зоран; Зорица ж – од Зора + -ица; Зорка ж – хип. од Зора.

ЅЅвезда ж – од ѕвезда; Ѕвездан м – наспрема Ѕвезда; Ѕвезде м – од Ѕвездан; Ѕвездана ж – од Ѕвезда + -ана.

ИИван м – од евангелиското ИОАН, на евр. бог е милостив или божји благодат; Ивана ж – женска форма од Иван; Иванка ж – женска форма од Ивана; Иванчо, Иванче м – хип. од Иван; Ивјана ж – веројатно вкрстено од Ивана и Јана; Иво, Ивко м – скр. од Иван; Вано, Ване м – скр. од Иван; Ванка ж – скр. од Иванка; Ванко м – скр. и хип. од Иван; Ванчо, Ванче м – скр. од Иванчо; Вања ж – скр. и хип. од Иванка; Вањо м – разновидност на Вано; Анчо м – хип. од Ано, Ане; Јоан м – старословенска и црковнословенска форма на Иван; Јоана ж – женска форма наспрема Јоан; Јоанче м – хип. од Јоан; Јован м – од старословенското Јоан со вметнато в; Јованка ж – женска форма наспрема Јован; Јово м – скр. од Јован; Јовица м – од Јово + -ица; Јовче м – хип. од Јово; Јоле м – од Јово; Јона ж – скр. од Јоана; Јонка ж – хип. од Јона; Јофка ж – прав. недосл.: Јовка; Јоцо, Јоше м – од Јован; Ницо м – од Иван; Ноно м – произволна промена од Иван или Јоне; Ноне ж – женска форма наспрема Ноно; Нина ж – грч.

Игнатиј м – грч. лат.–име на календарски светец; Игнат м – скр. од Игнатиј; Игно, Игне м – од Игнат.

Игор м – рус. којшто е бранител на морето.

Илван м – вкрстено од Илија и Иван; Илвана, Илванка ж – женска форма наспрема Илван.

Илија м – грч. библиско име, на евр. мојот бог е Јахова (едно од имињата на библискиот бог); Ило, Иљо м – скр. и разновидно од Илија; Илјо м – од Ило + -јо; Илко м – хип. од Ило; Илка ж – женска форма наспрема Илко; Ико м – од Илија; Иле м – варијанта на Ило; Илин м – од Ило + -ин; Илина ж – женска форма наспрема Илин; Илинка ж – хип. од Илина; Лина ж – скр. од Илина или Ангелина.

Илинденка ж – според името на македонскиот национален празник Илинден.

Ирина ж – грч. мир-име на календарска светица; Ирена ж – фр. западен изговор на Ирина; Ина ж – скр. од некое име на –ина; Иринка ж – хип. од Ирина.

Исаило м – грч. име на библиски пророк, на евр. бог помага; Исајло м – варијанта на Исаило; Исо м – скр. од Исаило; Сајко м – хип. од изведенки на Исаило.

Исак м – грч. библиско име, на евр. (бог) се смее.

Исидор м – грч. дар на божицата Изида; Сидор м – скр. од Исидор и преосмислено спред грч. железо.

Искра ж – од придавката искрен, преосмислено според именката искра.

ЈЈаворка ж – од јавор, вид дрво.

Јаглика ж – од јаглика, вид цвеќе.

Јагода ж – од јагода, вид растение; Јаготка ж – хип. од Јагода.

Јаков м – библиско име, име на календарски светци; Јашко м – од Јашо или Јаков.

Јано м – грч. бог е милостив; Јани м – разновидност на Јано; Јана ж – женска форма наспрема Јано; Јанаки м – грч.; Јанакија м – разновидност од Јанаки; Јанакие м – варијанта на Јанакија; Јанка ж – хип. од Јана; Јанко м – хип. од Јано; Јане м – од Јано; Јанче м – хип. од Јане; Јаника ж – од Јана + -ика; Јанинка ж – хип. од Јанина; Ане м – од Јане со дејотација или скр. од Иван; Анчо м – хип. од Ане.

Јасна ж – од придавката јасна, сп. светла.

Јастре м – од јастреб, вид птица.

Јоаким м – евангелиско име, на евр. бог воздигнува; Аким м – од Јаким со испаѓање на јотацијата; Јаким м – од Јоаким.

Јордан м – според името на палестинската река Јордан; Јордана ж – женска форма наспрема Јордан; Јорданка ж – хип. од Јордана; Јорда ж – скр. од Јордана; Јорданчо, Јорданче м – хип. од Јордан; Јорде м – од Јордан; Дана ж – скр. од Јордана; Дано м – скр од Јордан; Даница, Данка ж – хип. од Дана; Ордан м – од Јордан со испаѓање на ј; Ордана ж – од Јордана со испаѓање на ј; Ордена ж – варијанта на Ордана; Орде м – од Јорде со испаѓање на ј; Орце м – хип. од Јордан со испаѓање на ј.

Јосиф м – грч. библиско и евангелиско име, на евр. бог умножува; Јосип м – разновидност на Јосиф; Јосипа ж – женска форма наспрема Јосип; Јосе м – скр. од јосиф; Јоска, Јоско м – хип. од Јосе; Јозеф м – разновидност од Јосиф.

Јулија ж – лат. за оние кои се родени во текот на месецот јули; Јула, Јуле ж – скр. од Јулија.

Јулијан м – лат. име на календарски светец; Јулијана ж – женска форма наспрема Јулијан; Џулијана ж – варијанта на Јулијана.

ККалина ж – од калина, вид дрво, заради неговите убави црвени плодови; Калин м – машка форма наспрема Калина; Кале м – скр. од Калин; Калинка ж – хип. од Калина; Калинчо м – хип. од Калин; Каља ж – скр. од Калина или женска форма од Кале.

Калиопа ж – грч. убаволика; Каљопа ж – скр. од Калиопа; Каљопи ж – разновидност на Каљопа.

Каменко м – од Камен + -ко, а тоа е од камен-заштитно име според малуценет предмет; Камена ж – женска форма наспрема Камен; Каменита ж – разновидност на Камена; Каме м – од Камен; Камка ж – женска форма од Кама.

Каранфил м – од каранфил, вид цвеќе; Каранфила ж – женска форма наспрема Каранфил; Каранфилка ж – хип. од Каранфила.

Каре м – од тур. црн-заштитно име, како што е Гало црн, мургав.

Карло м – од старофр. човек, маж, сопруг, Каролина ж – герм. женска форма.

Карпо м – грч. плод-име на календарски светец.

Кипријан м – грч. според островот Кипар-име на календарски светец; Кипро м – скр. од Кипријан; Кипра ж – женска форма наспрема Кипро.

Кирил м – грч. господарски; Киро, Кире м – скр. од Кирил; Кира ж – женска форма наспрема Киро; Кирјан м – од Киро + -јан; Кирјана ж – женска форма наспрема Кирјан; Кирко, Кирчо м – хип. од Киро; Ќиро м – прав. недолс.: Киро; Ќирка ж – прав. недосл.: Кирка; Раца ж – скр. од Ратка; Кирилка ж – женска форма од Кирил.

Ките м – од дијал. кит, китен; Кита ж – од дијал. кита, китена или женска форма наспрема Ките; Китан м – од Ките + -ан; Кица ж – од Кита; Кицо, Кице м – машки форми од Ките, Кито.

Климент м – грч. милостив-име на календарски светец; Климентие м – од Климент; Климентина, Клементина ж – женска форма наспрема Климент; Климо, Климе м – скр. од Климент.

Књазе м – од кнез, благородничка титула; Кнегиња ж – од кнегиња, сп. Царева, Султана.

Козма м – грч. подредба-име на календарски светец; Кузо м – видоизменето од Козма; Кузе м – од Кузо; Кузман м – од Кузм(а) + -ан.

Константин м – лат. постојан-име на календарски светец; Константина ж – женска форма наспрема Константин; Костадин м – од Константин со ново-грчки превод на нт во нд и со испаѓање на двете внатрешни н; Костадина, Костадинка ж – женска форма од Костадин; Костантин м – варијанта на Константин; Коста м – грч. скр. од Костадин; Костанда ж – скр. женска форма од Костадина; Коне м – скр. од Константин; Кони м – од Коне; Кона ж – женска форма наспрема Коне; Коца ж – женска форма наспрема Коце; Дино, Дине м – скр. од Костадин; Динко м – хип. од Дино; Динка ж – скр. од Костадинка или хип. од Дина; Куно, Куне м – од Константин.

Корнелија ж – лат., женска форма на рог-од името на римски род.

Корун м – заштитно име од кора.

Косана м – пожелно име: да има убава коса. Косата се сметала за признак на здравје и младост; Косара ж – разновидност на Косана.

Коцана ж – вкрстено од Косана и Коца.

Крајо м – скр. од старото име на Краислав, слава на својот крај, на својата земја и преосмислено според именката крај: да биде поседно дете од многудетното семејство; Крајче м – хип. од Крајо.

Краљо м – прав. недосл.: Крало, од крал, можеби дамнешен превод на Васил; Кралјо м – варијанта на Крало; Крале м – разновидност на Крало.

Красе м – од красен, убав; Краса ж – женска форма наспрема Красе; Красна ж – од придавката красна.

Красимир м – сложенка од краси и мир, украс на светот; Красимира ж – женска форма наспрема Красимир; Красимирка ж – хип. од Красимира.

Кроне м – грч.-име на божество од старогрчката митологија со непознато значење.

Крсто м – од крст, а тоа всушност е превод на грчкото ставри; Крсте м – од Крсто; Крсјана ж – женска форма наспрема Крсјан; Крста ж – женска форма наспрема Крсто; Крстан м – од Крсто + -ан; Крстана ж – женска форма наспрема Крстан; Крстин м – од Крсто + -ин; Крстинка, Крстина ж – женска форма наспрема Крстин; Тина ж – скр. од Крстина; Тинка ж – хип. од Тина.

Крум м – име на бугарски владетел со непознато значење; Круме м – од Крум.

Крунислав м – сложенка од круна, венец, корона и слава, оној што треба да се круниса со слава; Круне м – од Крунислав; Круна ж – од круна, венец, корона или од Крунислав.

Ксенија ж – грч. гостоприемство-име на календарска светица.

Ксенофон м – грч. туѓојазичен, којшто зборува туѓ јазик-име на календарски светец; Фоне м – од Ксенофон или од друго слично име.

ЛЛав м – превод на грч. име, лав-име на календарски светец.

Лавре м – грч. украсен со лавор-име на календарски светец.

Лазар м – евангелиско име, евр Елеазар, бог помага; Лазаринка ж – женска форма наспрема Лазар; Лазо, Лазе м – скр. од Лазар.

Ламбија ж – грч. блескава.

Латинка жод латинка, вид цвеќе.

Леон м – грч. лав; Леонка ж – женска форма наспрема Леон; Леун м – варијанта на Леон.

Леонардо м – веројатно според името на Леонарадо да Винчи, силен лав.

Леонид м – грч. сличен на лавот, име од старогрчката историја; Леонида ж – женска форма наспрема Леонид.

Леонтија ж – грч. лавовски.

Лепа ж – од дијал. лепа, убава.

Лидија ж – според името на областа Лидија во Мала Азија; Лида ж – скр. од Лидија.

Лилјана ж – од лилјан, вид цвеќе; Лила ж – скр. од Лилјана; Лиле, Лили ж – од Лилјана; Љиља ж – прав. недосл.: Лила; Љиљана ж – прав. недосл.; Лилјана.

Лоза ж – од лоза, вид растение или род, потомство; Лозан м – машка форма наспрема Лоза; Лозана ж – од Лоза + -ана; Лозанка ж – хип. од Лозана; Лозена ж – од Лоза + -ена.

Луиза ж – герм. славна по војната, женска форма од Луиз; Лујза ж – разновидност на Луиза.

Лука м – грч. светлина-евангелиско име; Луко м – од Лука.

ЉЉубен м – од љубен, сакан; Љубе, Љубо м – скр. од Љубен; Љуба ж – пожелно име: да израсне убава и да ја љубат; Љубенка ж – женска форма наспрема Љубен; Љубенко м – хип. од Љубен; Љубин м – од Љубо + -ин; Љубинка ж – женска форма наспрема Љубин; Љубица ж – од Љуба + -ица; Љупка ж – хип. од Љуба; Љупчо м – хип. од Љубо; Љубо м – од Љубен.

Љубомир м – сложенка од љуби и мир, оној што го сака мирот или да биде сакан на светот; Миро, Мире м – скр. од Љубомир; Мира ж – женска форма наспрема Миро; Мирка ж – хип. од Мира; Мирко м – хип. од Миро; Мирчо, Мирче м – хип. од Миро.

Љубисав м – сложенка од љуби и слава, оној што ја сака славата или да биде љубимец на славата; Љубосав м – варијанта на Љубисав.

Људмила ж – рус. хероика во Пушкиновата поема “Руслан и Људмила“.

ММагдалена ж – грч. според името на гратчето Магдала во Палестина-евангелиско име; Магда ж – скр. од Магдалена; Магден м – машка форма наспрема Магдена; Дена ж – скр. од Магдалена; Денка ж – хип. од Дена.

Маке м – библиско име, на евр. чук.

Македон м – според името на земјата Македонија; Македонка ж – женска форма наспрема Македон.

Максим м – грч. најголем, највелик-име на календарски преподобен.

Мале м – од мал или мил од Малин; Малин м – од Миле + -ин или машка форма наспрема Малина; Малиш м – од Мале + -иш.

Малина ж – од малина, вид растение; Малинка ж – хип. од Малина.

Манасија м – библиско име, на евр. којшто ги заборава бедите; Манасие м – варијанта на Манасија; Манас м – скр. од Манасија; Манаско м – хип. од Манас.

Маргарита ж – старо име од грч. маргарит, бисер или ново име од маргаритка, вид цвеќе; Марга ж – скр. од Маргарита; Маргита ж – скр. од Маргарита; Маргарета ж – разновидност на Маргита.

Марија ж – грч., евр. Мариам, тврда, постојана-евангелиско име; Мара, Маре ж – скр. од Марија; Маријан м – кај нас сфатено како машка форма од Марија и име на католички светец; Марионка ж – хип. од Мариона; Маријка, Марика, Мариче ж – хип. од Марија; Марин м – машка форма од Марија (или од Марина); Маринка ж – хип. од Марина; Маринко, Маринчо м – хип. од Марин; Марица ж – од Марија + -ица; Марјан м – стегната форма од Маријан; Маца ж – од Марија; Марина ж – лат. морска-име на календарски светец; Мица ж – од Марија; Мими ж – фр. галено обраќање кон маченце, кај нас се третира како хип. од Марија или од др. слично име.

Маријан м – лат. име на католички светец, кај нас сфатено и како машка форма наспрема Марија.

Маријана ж – ит. сложено од Марија, тврда, постојана и Ана, благодат; Маријанка ж – хип. од Маријана; Марјана ж – стегната форма од Маријана.

Марина ж – грч. лат. морска-име на календарски светец или женска форма наспрема Марин.

Марко м – лат. чекан, војник, име на еден од четворицата евангелисти, изведено од Марс, бог на војната.

Марлена ж – фр. име на германска филмска артистка, изведено од грч. од Магдала во Палестина.

Мартин м – лат. оној којшто е посветен на богот Марс, според името на богот Марс и име на календарски светец.

Маслина ж – од маслина, вид дрво; Маса ж – скр. од Маслина.

Матеја м – грч. на евр. божји дар-име на еден од четворицата евангелисти; Матеа м – варијанта на Матеја; Мате м – скр. од Матеја или од друго слично име.

Матилда ж – герм. којашто е силна во борбата.

Меланија ж – грч. црна-име на календарска светица.

Мена ж – од дијал. мена свршенички подарок, свршенички прстен-пожелно име: да порасне, да добие свршенички прстен; Менда ж – од Мена; Мено м – машка форма наспрема Мена; Мендо, Менде м – од Мено; Менка, Менче ж – хип. од Мена.

Методиј м – грч. уреден, којшто иследува, се раководи според метод; Мето м – скр. од Методиј; Методија м – од Методиј; Методие м – разновидност на Методиј; Тоде м – изменето од Методи или од Тодор.

Мила ж – од мила; Милан м – од Мила + -ан; Миланка ж – женска форма од Милана; Миланчо м – хип. од Милан; Милева ж – од Мила + -ева; Милевка ж – хип. од Милева; Милена ж – од Мила + -ена; Миленија ж – од Милена; Миленка ж – хип. од Милена; Миленко м – хип. од Милен; Милица ж – од Мила + -ица; Ленка ж – хип. од Милена; Милован м – од Мило + -ован.

Миливој м – вкрстено од Милан и Радивој; Миливоја, Миливоје м – разновидност на Миливој; Миладин м – од Мило + -дин, според образецот на Костадин; Милан м – од Мило + -ан; Миланка ж – женска форма наспрема Милан; Милош м – од Мило + -ош; Миљо м – прав. недосл.: Мило; Милутин м – од Милута + -ин.

Милодор м – од Милан и Тодор (крстено според имињата на двајцата дедовци на новороденчето).

Милорад м – сложенка од мил и рад, радосен, оној кому му е мила радоста.

Милослав м – сложенка од мил и слава, старо име, да му е мила славата; Милосав м – видоизменето од Милослав; Милосава ж – женска форма наспрема Милосав.

Мими ж – фр. галено обраќање кон маченце, кај нас се третира како хип. од Марија.

Мимоза ж – од мимоза, вид цвеќе.

Миодраг м – сложенка од мил и драг, оној што е мил и драг.

Мирољуб м – сложенка од мир и љуби, оној што го љуби, го сака мирот.

Мирон м – грч. светено масло-име на календарски светец; Миро, Мире м – скр. од Мирон; Мирјан м – од Мирон + -јан; Мирјана ж – женска форма наспрема Мирјан; Мира ж – женска форма наспрема Миро; Мирка ж – хип. од Мира.

Мирослав м – сложенка од мир и слава, старо име: слава на светот или којшто слави мир, се смета за превод на герм.; Мирослава ж – женска форма наспрема Мирослав.

Михаил м – грч. на евр. подобен на бога или нешто блиско со бога; Михаило м – од Михаил; Михајло м – стегната форма од Михаило; Михало м – разновидност на Михајло; Миха, Михо м – скр. од Михаил; Мијал м – од Михаил со испаѓање на х; Мијалко м – хип. од Мијал; Мијалчо м – хип. од Мијал; Мико, Мика м – скр. од Михаил; Микајле м – варијанта на Михајле; Микале м – разновидност на Микајле; Мило, Миле м – скр. од Михаил или друго слично име; Милко, Милчо м – хип. од Мило; Мине м – од Мино; Мио м – од Михо со испаѓање на х; Мичо м – од Михаил; Мише, Мишко м – од Мишо.

Младен м – пожелно име: да младее, да биде вечно со младо срце; Младена ж – женска форма наспрема Младен; Младенка ж – хип. од Младена; Младенко м – хип. од Младен; Дена ж – скр. од Младена; Денка ж – хип. од Дена; Денко м – скр. од Младен; Денчо м – скр. од Младен или некое друго слично име.

Мојсеј м – грч. библиско име, на евр. изваден од вода; Мојсо, Мојсе м – скр. од Мојсеј.

Момчило м – од момче-кај родители коишто немаат, а посакуваат машка рожба.

Морфа ж – од грч. форма, образец или убавина.

ННадежда ж – превод на грч. надеж-име на календарска светица; Нада ж – од Надежда или од Надја; Надка ж – прав. недосл.: Натка; Натка ж – хип. од Нада.

Најден м – од најден, според обичајот потфрлање новородено дете, за кое се плашат дали ќе заздрави или ако пред тоа им умирале децата, па кој ќе го “најде“ да му го придаде своето здравје и животот за да му ја променат судбината; Најдена ж – женска форма наспрема Најден; Најда ж – од Најдена; Нада ж – од Најда; Надо м – од Најден; Најдан м – варијанта на Најден; Нако, Нано м – од Најден; Нацо м – од Нако; Наца ж – женска форма наспрема Нацо; Денчо м – од Дено, а тоа е од Најден.

Наталија ж – лат. родна, родена-име на календарска светица; Ната ж – скр. од Наталија или Наста; Натка ж – хип. од Ната; Наташа ж – рус. хип. од Наталија.

Наум м – грч. на евр. утеха, утешител-име на библиски пророк и на македонски просветител; Наумка ж – женска форма наспрема Наум; Наумче м – од Наум; Номче м – разновидност на Наумче.

Невен м – од невен, вид цвеќе; Невена ж – женска форма наспрема Невен; Невенка ж – хип. од Невена; Невенко м – хип. од Невен; Вена ж – скр. од Невена; Вено, Вене м – скр. од Невен; Венко м – хип. од Вено; Венчо м – хип. од Вено.

Негован м – од стлс.сакан, негуван-зачувано и во името на селото Негован, Солунско.

Негре м – ром. црн; Негрија ж – од Негра, црна.

Неделко м – од седмичниот ден недела, според смислата превод на грч. Киријак; Неделка ж – женска форма наспрема Неделко; Неде м – скр. од Неделко; Неда ж – скр. од Неделка; Недан м- од Неде + -ан; Нелко м – скр. од Неделко; Нено м – од Неделко со детско повторување на првата согласка; Ненко м – хип. од Нено; Нета ж – декомпонзирано од Нетка; Нешо, Нешко м – од Неделчо или од Нестор; Дељо м – прав. недосл.: Дело; Деко м – од Дело; Делчо м – од Дело + -чо.

Ненад м – пожелно име на неочекувано, ненадејно дете.

Нестор м – грч. оној којшто се враќа, којшто чезнее за домот-име на календарски светец (исто име од античката митологија); Нешо м – од Нестор.

Ники м /ж – од грч. победа.

Никита м/ж- грч. победник-име на календарски светец.

Никифор м – грч. победоносец-име на календарски светци; Ничо, Ниче м – од Никифор.

Никодин м – грч. народопобедник; Никодинка ж – женска форма наспрема Никодин; Никодије м – прав. недосл.: Никодие; Нико м – скр. од Никодин.

Николај м – грч. народопобедник-име на календарски светец, официјална црковна форма наспрема народната форма Никола; Николаки м – хип. од Никола со грчка наставка –аки; Ника ж – женска форма наспрема Нико; Николија ж – од Никола + -ија; Николина ж – од Никола + -ина; Николче, Николчи, Николчо м – од Нико + -уш; Нино м – скр. од Никола со детско повторување на првата согласка; Нинко м – хип. од Нино; Нине м – од Нино; Коле м – од Коло; Колин м – од Коло + -ин; Колина ж – скр. од Николина или наспрема Колин; Коне м – скр. од Никола; Кони м – од Коне; Кона ж – женска форма наспрема Коне.

Новак м – пожелно име: да го поднови родот; Нове м – од Новак; Новко м – од Ново; Новка ж – женска форма наспрема Новко; Новица м/ж – разновидност на Новак или Ново + -ица.

Ное м – од библиското име Ној, на евр. утеха; Нојо м – варијанта на Ное; Нојко м – хип. од Нојо.

Нуне м – од дијал. нуно, крстеник, кум (од грч.) пожелно име: да порасне, да стане крстеник и кум.

ООбрад м – старинско име, да ги зарадува своите блиски.

Обрен м – скр. од старинското име Обретен, најден-еднакво според значењето и поводот за проникнување со Најден.

Огнен м – од огнен-заштитно име: да не му пречи оган или молња, сп. Волче, Змејко и др.; Огњен м – прав. недосл.: Огнен; Огњан м – прав. недосл.: Огнан.

Одисеј м – грч. оној којшто се лути-име од античката митологија.

Олга ж – рус., име на киевска кнегиња, канонизирана како светица, од староскандинавското Хелга, здрава; Олгица ж – хип. од Олга.

Оливер м – италијанско име од лат., маслодаен; Оливера ж – женска форма наспрема Оливер.

Олимпија ж – женска форма од грч. Олимп; Лимба ж – скр. од Олимпија со новогрчки изговор на мп.

Орхидеја м – грч. горски-име од античката митологија.

ППавел м – грч. лат. малечок-име на христијански апостол; Павле м – разновидност на Павел; Павлина ж – женска форма наспрема Павлин; Павлинка ж – хип. од Павлина; Павло м – разновидност на Павел; Пале м – од Павле со испаѓање на в; Пајо м – од Павло; Паца ж – од Павлина, Параскева.

Панагија ж – грч. пресвета, сесвета-епитет на Богородица; Панаја ж – од Панагија; Пана, Панаја ж – скр. од Панагија.

Панајот м – грч. пресвети, сесвети; Панајота ж – женска форма наспрема Панајот; Пана ж – скр. од Панајота; Пано м – скр. од Панајот; Панде, Пандо м – од Пане; Панко м – хип. од Пано; Панчо и Панче м – хип. од Пано.

Пандора ж – грч. дарена од сите, седарена-име од античката митологија; Пандорка ж – од Пандора.

Пантелејмон м – грч. семилостив-име на календарски светец; Панто, Пано м – скр. од Пантелеј.

Параскева ж – грч. петок, подготовка за празник-име на календарска светица; Пара ж – скр. од Параскева.

Париш м – грч. име од античката митологија.

Паскал м – грч. Велигден; Паско м – скр. од Паскал; Паскалина ж – грч.

Паун м – од паун, вид птица; Пауна ж – женска форма наспрема Паун.

Педо м – грч. дете.

Пелагија ж – грч. морска-име на календарска светица; Палагија ж – разновидност на Пелагија.

Пенелопа ж – грч. ткајачка-име од античката митологија.

Персида ж – грч. Персијка, жителка на Персија; Перса ж – скр. од Персида.

Перуника ж – од перуника, вид цвеќе.

Петар м – грч. камен-име на евангелиски апостол; Петарчо м – хип. од Петар; Петра ж – женска форма наспрема Петар; Петраки м – хип. од Петар со грчкиот суфикс –аки; Петрана ж – од Петра + -ана; Петранка ж – хип. од Петрана; Петре м – од Петар; Петрија ж – од Петра + -ија; Петрун м – од Петр + -ун; Петруна ж – од Петра + -уна; Петруш м – од Петр + -уш; Петруша ж – од Петра + -уша; Перо м од Петар; Пера ж – женска форма наспрема Перо; Пере м – од Перо; Пепо м – од Петар или Петко со детско повторување на првата согласка; Пејо м – од Петар; Пена ж – наспрема Пене; Пеша ж – женска форма наспрема Пешо.

Петка ж – стар слободен превод на Параскева, име на календарска светица; Петкана ж – од Петка + -ана; Петко м – машка форма наспрема Петка; Пена ж – скр. од Петкана; Пене м – од Петко.

Петрониј м – лат. овнов, којшто припаѓа на стариот овен-име на плебејски римски род, дојдено кај нас по литературен пат; Петроније м – прав. недосл.: Петроние.

Пидо м – изменето од Пидром, предвесник-епитет на Иван Крстител.

Писана ж – од писана, определена од судбината или убава.

Пламенчо м – од Пламен + -чо; Пламенка ж – женска форма наспрема Пламенко.

Платон м – грч. којшто е со големо тело-име на прочуен старогрчки филозоф и име на календарски светец.

Победа ж – од победа, успех во војната, во натпревар и сл.

Преслав м – сложенка од пре, многу и слава, оној што е со многу слава, старинско име.

РРадо м – од старинското рад, радосен-пожелно име: да се радува или да ги радува своите блиски; Рада ж – женска форма наспрема Радо; Раденко м – од Раде + -енко; Радинка ж – хип. од Рада + -ина; Радица ж – од Рада + -ица; Радка ж – прав. недосл.: Ратка; Радко м – прав. недосл.: Ратко; Раде м – од Радо; Радмила ж – од Радомил; Радмило м – од Радмил; Радован м – од Рад + -ован; Радованка ж – женска форма наспрема Радован; Радоја м – од Раде + -оја; Радое м – варијанта на Радоја; Радојко м – хип. од Радоја; Радојка ж – женска форма наспрема Радојко; Рајка ж – женска форма наспрема Рајко; Рајна ж – женска форма наспрема Рајно; Ратка ж – хип. од Рада; Рашо м – од Радо; Рашко м – хип. од Рашо; Душа ж – скр. од Радуша; Душица, Душка ж – хип. од Душа; Душко м – од Душо.

Радивој м – сложенка од рад и вој, старинско име: рад (готов), да војува; Војо м – скр. од Радивој; Воја ж – женска форма наспрема Војо.

Радислав м – сложенка од рад и слава, којшто се радува на славата; Радисав м – разновидност на Радислав.

Радомир м – сложенка од рад и мир, постаро име: голем во радоста.

Радослав м – сложенка од рад и слава, старинско име: којшто се радува на славата; Славо м – скр. од Радослав; Слава ж – женска форма наспрема Славо; Славица ж – од Слава + -ица; Славка ж – хип. од Слава; Славко м – хип. од Славо; Славе м – од Славо.

Развигор м – од развигор, топол пролетен ветар.

Расто м – пожелно име: да расте: Расте м – од Расто.

Рафаил м – грч. на евр. бог лекува-име на еден од библиските архангели; Рафаело м – варијанта на Рафаил, добиено според името на италијанскиот уметник Рафаело Санти.

Рахила ж – грч. дојна овца-библиско име; Рилка ж – хип. од Рахила.

Ризо м – грч. корен, племе, род; Риза ж – женска форма наспрема Ризо.

Роберт м – фр. од германско потекло, блескава слава.

Роза ж – од роза, вид цвеќе; Розана ж – од Роза + -ана; Розка ж – прав. недосл.: Роска.

Роксандра ж – вкрстено од Александра и Роксана, светла, сјајна; Роксанда ж – разновидност од Роксандра.

Роман м – лат. римјанин-име на календарски светец.

Рубин м – од рубин, скапоцен камен.

Ружа ж – од ружа, вид цвеќе; Ружица ж – хип. од Ружа.

Руле м – од грч. зелен со метатеза на л и р; Рули м – од Руле; Рула ж – женска форма наспрема Руле, Рули.

Румен м – од румен, со белоцрвено лице; Румена ж – од румена, женска форма наспрема Румен; Руменка ж – хип. од Румена; Руменче м – хип. од Румен.

Русе м – од рус, русокос; Руса ж – од руса, светлокоса; Руска ж – хип. од Руса; Руско м – хип. од Русе; Русана ж – од Руса + -ана; Роса ж – скр. од Русана или според роса; Росица ж – хип. од Роса; Роска ж – хип. од Роса или од Роза.

Руфин м – од лат. јасноцрвен.

ССаво м – грч. сабота или од името на некаков индиски цар-име на календарски светец; Саве м – од Саво; Сава ж – женска форма наспрема Саво; Савка ж – хип. од Сава; Савко м – хип. од Саво; Савица ж – хип. од Сава.

Садо м – од стлс. сив, побелен.

Саздан м – од стсл.; Саздо м – од Саздан.

Салтир м – според псалтир, име на црковна книга.

Самоил м – библиско име, евр. Шемуел, измолен од бога; Самуил м – разновидност на Самоил.

Сара ж – библиско име, на евр. господарка.

Сарафин м – од сарафин, познавач на народот.

Саре м – од стсл. сив-заштитно име: да не бие на очи, да не го види злото, со затврднување на с; Сарко м – хип. од Саре.

Светла ж – од придавката светла или превод на грч. Фота; Светлана ж – од Светла + -ана; Светле ж – од Светла; Светланка ж – хип. од Светлана.

Светозар м – сложенка од свет и зар, старинско име, којшто озарува со светлина.

Светомир м – сложенка од свет и мир, ново име, мир на светот или светол мир; Светимир м – варијанта на Светомир.

Светослав м – сложенка од свет и слава, старинско име, којшто има моќна, светена слава; Светислав м – варијанта на Светослав; Свето м – скр. од Светослав.

Севда ж – од ар.-тур. љубов; Севдо м – машка форма наспрема Севда; Севдалина ж – од Севда + -лина; Дена ж – од Севда; Денка ж – хип. од Дена.

Селимир м – сложенка од сели и мир, старинско име, да го насели светот.

Серафим м – од серафим, според библиската ангелологија: ангел од повисока класа, на евр. пламенен; Фимчо м – од Серафим.

Сергеј м – лат. старо родовско име, веројатно со значење служител-име на календарски светец; Серге м – скр. од Сергеј; Сергије м – прав. недосл.: Сергие.

Сиве м – од сив-заштитно име: да ги одблеснува злите очи и уроци; да не биде со светла боја за да оздрави.

Силва ж – од лат. гора; Силвија ж – од Силва + -ија.

Силвестер м – лат. горјанин-име на римски папа.

Силјан м – од сила, силен според образецот на Стојан; Силе м – од Сило; Силко м – хип. од Сило; Силка ж – женска форма наспрема Силко.

Симеон м – грч. библиско име, евр. Шимон, ислушување, исполнување (на молитвата, на желбата)-име на календарски светци; Симијон м – прав. недосл.: Симион; Симен м – стегната форма од Симеон; Симе, Симо м – скр. од Симеон; Сима ж – женска форма наспрема Симо; Симка ж – хип. од Сима; Моне м – скр. од Симеон; Синадин м – од Симо + -дин.

Симон м – евангелиско име од еврејско потекло, којшто е тапонос, различно од Симеон; Симона ж – женска форма наспрема Симон; Симонка ж – хип. од Симона; Симун м – варијанта на Симон; Симо м – скр. од Симон; Сима ж – женска форма наспрема Симо.

Симсон м – библиско име, евр. Шимсон, сончев.

Сирма ж – од дијал. сирма, срма.

Сјајна ж – од придавката сјајна.

Славејко м – од славеј, вид птица; Славејка ж – женска форма наспрема Славејко.

Славјан м – од Славјанин, Словен; Славијан м – варијанта на Славјан; Славјана ж – женска форма наспрема Славјан.

Славен м – од придавката славен; Славна ж – од придавката славна.

Славомир м – сложенка од слава и мир, оној што го слави мирот.

Слобода ж – од слобода или превод на грч. Елевтерија; Слободан м – машка форма наспрема Слободана.

Смиле м – од смил, вид цвеќе, чиишто цветови не овенуваат; Смиља ж – прав. недосл.: Смилја; Смилјан м – од Смил + -јан; Смиљана ж – прав.недосл.: Смилјана.

Снежана ж – од литературен превод на герм., снежнобеличка; Снежанка ж – од Снежана; Снежа, Жана ж – скр. од Снежана.

Сокол м – од сокол, вид птица; Сокле и Соколе м – од Сокол.

Сократ м – грч. којшто е здрав во телото, име на познат грчки филозоф.

Соломон м – библиско име, на евр. мирољубив.

Солуна ж – од Солун, грч. именувано според градот Солун; Солунка ж – хип. од Солуна.

Сотир м – грч. спасител-епитет на Исус Христос; Соте м – скр. од Сотир; Сотира ж – женска форма наспрема Сотир.

Софија ж – грч. мудрост-име на календарска светица; Совија ж – варијанта на Софија; Софа ж – скр. од Софија; Софка ж – хип. од Софа; Соња ж – рус. хип. од Софија како основно име, значително ново.

Софрониј м – грч. благоразумен-име на календарски светец; Софре м – скр. од Софрониј; Софроние м – варијанта на Софрониј; Софронија ж – женска форма наспрема Софрониј.

Спас м – од старинското спасител, превод на грч. Сотир; Спаса ж – женска форма наспрема Спас; Спасе м – од Спас.

Спасен м – од придавката спасен; Спасена ж – женска форма наспрема Спасен.

Спасенија ж – од именката спасение.

Споменка ж – од спомен, впечаток што се држи во сеќавањето.

Сребро м – од сребро, вид метал или превод на грч. Аргир; Сребре, Сребрен м – од Сребро; Сребренко м – хип. од Сребрен; Сребренка ж – женска форма наспрема Сребренко.

Сретен м – од дијал. сретен, честит, срдечен; Сретко м – хип. од Сретен; Сретан м – варијанта на Сретен.

Ставро м – грч. крст, еднакво според значењето со Крсто; Ставре м – од Ставро.

Стајко м – пожелно име: да остане жив, да стои-блиско според значењето на Стојо; Стајка ж – женска форма наспрема Стајко.

Стамболе м – спред името на градот Стамбол, в град; Стамболка ж – женска форма наспрема Стамбол(е).

Стамен м – од дијал. стамен, здраво заседнат, што не се клати (за камен), воздржан, скромен; Стаме м – скр. од Стамен; Стамена ж – женска форма наспрема Стамен.

Стане м – пожелно име, еднакво според значењето со Стајко и Стојо; Стана ж – женска форма наспрема Стане; Станија ж – од Стана + -ија; Тано, Тане м – скр. од Стано; Танчо, Танче м – хип. од Тане.

Станимир м – сложенка од стани и мир, да установи, да воспостави мир; Станомир м – варијанта на Станимир.

Станислав м – сложенка од стани и слава, старинско и модерно име, да установи, да воспостави слава; Станислава ж – женска форма наспрема Станислав.

Стерјо м – од грч. тврд, здрав; Стерио, Стеријо м – разновидност на Стерјо; Стерјана ж – од Стерја + -ана.

Стефан м – грч. венец-име на календарски светец; Стеван м – варијанта на Стефан со преод на ф во в; Степан м – разновидност на Стефан; Стефана ж – женска форма наспрема Стефан; Стефанка ж – хип. од Стефана; Стеванка ж – варијанта на Стефанка, со преод на ф во в; Стефо м – скр. од Стефан; Стево м – варијанта на Стефо; Стеве м – од Стево; Стева ж – скр. од Стевана; Стефко м – хип. од Стефо; Стефанија ж – грч. стара женска форма наспрема Стефан; Тевко м – скр. од Стевко; Фана ж – скр. од Стефана; Фани ж – модерно скратување од Стефана; Фанка ж – хип. од Фана; Фане м – од Фано.

Стилијан м – грч. столбник (од столб, колона)-име на календарски светец. Го давале како заштитно име затоа што свети, Стилијан се сметал за покровител на децата; Стиле м – скр. од Стилијан; Штела ж – разновидност на Стела а тоа е хип. од Стилијан.

Стоимир м – сложенка од стои и мир, оној што сака да стои, да биде цврст мирот; Стојмир м – разновидност на Стоимир; Стојмирка ж – хип. од Стојмира + -ка.

Стојан м – заштитно име: да стои, да остане жив; Стојо м – од Стојан; Стое м – од Стојо; Стоје м – прав. недосл.: Стое; Стоил м – од Стојо + -ил; Стоило м – од Стоил; Стоимен м – од Стои + -мен, го објаснуваат како заштитно име при смртност кај децата: стој при мене; Стоименка ж – хип. од Стоимена; Стојанчо, Стојанче м – хип. од Стојан; Стојко м – хип. од Стојо; Стојка ж – хип. од Стоја + -ка; Стојадин м – од Стоја + -дин; Дино м – скр. од Стојадин; Динко м – хип. од Дино.

Страхил м – заштитно име: да се плашат од него, да влева страв; Страшо м – хип. од Страхил.

Страшимир м – сложенка од страши и мир, чувар, стражар на мирот, на светот, оној што го застрашува мирот.

Стрезо м – скр. од старинското Стрезимир, чувар на мирот, на светот.

Струма ж – спред името на реката Струма, тек, река; Струмка ж – хип. од Струма.

Султана ж – од султан, титула на владар во некои мухамедански земји.

ТТамара ж – од евр. тамар, палма.

Татијана ж – грч. татковски, сабински цар-име на календарска светица; Татјана ж – разновидност на Татијана, дојдено по литературен пат; Тања ж – рус. име.

Темелко м – од грч. основа.

Темјан м – од темјан; Темјана ж – женска форма наспрема Темјан; Тема ж – скр. од Темјана.

Темјанушка ж – од темјанушка, вид цвеќе; Темјанка ж – од дијал. темјанка (истото цвеќе).

Теодосиј м – грч. даден од бога-име на календарски светец; Теодосие, Теодосија м – разновидности на Теодосиј; Досе м – скр. од Теодосиј; Дота ж – женска форма скр. од Теодосиј; Тодос м – од Теодосиј.

Теофил м – грч. богољуб-име на календарски светец; Теофило м – од Теофил; Тофил м – скр. од Теофил; Тофило м – скр. од Теофило.

Тереза ж – жнејачка-име на католичка светица.

Тихо м – грч. среќник-име на календарски светец; Тишо м – хип. од Тихо.

Тихомир м – сложенка од тих и мир, оној што сака тивок, спокоен мир.

Тодор м – грч. божји дар-име на календарски светец; Тодора, Тодорка ж – женски форми наспрема Тодор; Тода ж – скр. од Тодора; Даре м – скр. од Тодор; Даринка ж – хип. од Дарина; Теодора ж – црковно име на Тодора; Тошо, Тоше м – хип. од Тодор.

Тома м – евангелиско име, грч. на евр. близнак; Томе, Томо м – од Тома; Тома ж – женска форма наспрема Тома; Томица м – хип. од Томе + -ица.

Томислав м – сложенка од томити и слава, оној којшто ја стекнува славата во мака; Томислава ж – женска форма наспрема Томислав.

Тофан м – грч. богојавен-име на календарски светец.

Трајан м – пожелно име: да живее долго, да трае; име и на римски цар, градител на мостот на Дунав и освојувач на Дакија, кое во народот се поврзува со глаголот трае, па е давано како заштитно име; Трајо м – од Трајан; Траја ж – женска форма наспрема Трајо; Трајана ж – женска форма наспрема Трајан; Трајанка ж – хип. од Трајана; Трајко м – хип. од Трајо; Трајка ж – хип. од Траја + -ка; Трајчо, Трајче м – хип. од Трајо.

Трендафил м – од трендафил, вид цвеќе; Трендафила ж – женска форма наспрема Трендафил; Трендафилка ж – хип. од Трендафила; Трендо, Дафо м – скр. од Трендафил.

Трифон м – грч. којшто сака задоволства и веселби-име на календарски светец; Трифун м – од Трифон со редуцирано о; Трипун м – варијанта на Трифун; Фона ж – скр. од Трифона.

Тројан м – од дијал. тројан, трет близнак или пожелно име: се да му се трои, да му врви.

Трпен м – заштитно име: да трпи болести, страдања, и да живее; Трпа ж – женска форма наспрема Трпен; Трпана ж – од Трпа + -ана; Трпе м – од Трпо; Трпена ж – од Трпа + -ена.

ЌЌиро м – прав. недосл.: Киро од Кирил, господарски; Ќире м – прав. недосл.: Кире; Ќирко м – хип. од Ќиро + -ко, прав. недосл.: Кирко.

УУбавка ж – од убава.

Уранија ж – грч. небесна-име од античката митологија, се преведува со името Небесна.

Урош м – старинско име од историјата, унг. господин + словенската наставка –ош.

Устијан м – лат. справедлив-име на византиски императори.

ФФердинанд м – име од германско потекло, смел во мирот.

Фидан м – од фидан, млада гранка; Фидана ж – женска форма наспрема Фидан; Фиданка ж – хип. од Фидана; Фиданчо м – хип. од Фидан.

Филимена ж – грч. име.

Филип м – грч. коњољубец, љубител на коњи-име на евангелиски апостол; Филка ж – хип. од Фила + -ка или женска форма наспрема Филко; Фило, Филе м – скр. од Филип; Фита ж – хип. од Филипа.

Филота м – грч. сакан на бога или богољуб.

Флора ж – од ром. цвеќе (го преведуваат со името Цвета); Флоран м – машка форма наспрема Флора; Флорин м – од Флора + -ин; Флорина ж – од Флора + -ина; Лора ж – од Флора со испаѓање на ф; Лорета ж – од Лора + -ета.

Франц м – герм. слободен.

ХХаралампиј м – грч. светнат од радост-име на календарски светец; Харалампија м/ж – варијанта на Харалампиј; Ламбе, Ламбо м – скр. од Хараламби.

Хермина ж – герм. женска форма наспрема Херман, воено лице.

Хранислав м – сложенка од храни и слава, старинско име, којшто си ја пази, ја чува славата; Ранко м – од Храно со испаѓање на х и преосмислено според прилогот рано; Ранка ж – женска форма наспрема Ранко.

Хриса ж – грч. златна.

Хрисанти м – грч. златно цвеќе-име на календарски светец; Хрисанта ж – женска форма наспрема Хрисанти; Санта ж – скр. од Хрисанта; Санто м – од Хрисанти.

Христијан м – од христијанин, припадник на христијанската религија.

Христо м – од Исус Христос; Христа м – варијанта на Христо; Христе м – од Христо; Христина ж – грч. име на календарска светица; Ико м – хип. од Христо; Ице м – од Ицо; Ристана ж – од Христана; Ристе м – од Христе; Кристина ж – форма на Христина; Таки м – скр. од Христаки; Тина ж – скр. од Христина, Кристина; Тинка ж – хип. од Тина.

ЦЦветан м – машка форма наспрема Цвета; Цвета ж – од цвет; Цвете м – од Цветан; Цветана ж – женска форма наспрема Цветан; Цветанка ж – хип. од Цветана; Цветко м – од Цвето + -ко; Светко м – разновидност на Цветко; Цена ж – хип. од Цветана.

Целе м – заштитно име: да биде цел, здрав, целосен.

Церо м – од цер, вид дрво.

ЧЧаслав м – сложенка од стсл. чека (утеха, поткрепа од дете) и слава, којшто чека или очекува слава; Чало, Чале м – хип. од Часлав.

Чедомир м – сложенка од чедо и мир, чедо на мирот; Чедо м – скр. од Чедомир.

ЏЏовани м – итал. бог е милостив или божји благодат; Ѓовани м -  варијанта на Џовани.

Џони м – англ. бог е милостив или божји благодат.

ШШишман м – име на владетели, запазено во народните песни и преданија.

 

Скратеници:

англ. – англиски

ар. – арапски

герм. – германски

грч. – грчки

дијал. – дијалектно, дијалектизам

др. – други, друго

евр. – еврејски

ж – женско лични име

ит. – италијански

лат. – латински

м – машко лично име

пер. – персиски

пр.  – пример

прав. недосл. – правописна недоследност

ром. – романски

рус. – руски

скр. – скратено, скратена

сл. – слично

сп. – спореди

стсл. – старословенски

тур. – турски

унг. – унгарски

фр. – француски

хип. – хипокористик