Јога за време на бременост

Спорт

март 12, 2013

Јога е одличен начин за да жената остане активна и еластична во периодот на нејзината бременост. Со вежбањето јога вие учите како правилно да дишете и како правилно да го држите вашето тело за време на вашата бременост.

joga-za-vreme-na-bremenost-7Други бенефиции од вежбање јога се следниве: се подобрува целосната циркулација, се намалуваат утринските потешкотии кои ги имаат бремените жени, се намалува напнатоста, се подобрува расположението, се намалува можноста за отекување на нозете, го подобрува варењето, ја зголемува енергијата, како и издржливоста на самата жена. Исто така вежбањето јога пред породувањето помага да се релаксираат мускулите на грлото од матката, со што се олеснува и забрзува породувањето.

Доколку имате било какви сомнежи околу вежбањето јога, конслутирајте се со вашиот гинеколг и инструктор за јога, бидејќи тие најдобро ќе ве посоветуваат и ќе ви помогнат да ги решите сите ваши дилеми.

Безбедноста при јога вежби за време на бременост…

вежбањето јога за време на бременост е безбедно. Но, треба да знаете дека и во јогата има одредени вежби т.е позции во кои телото би можело да се најде, а кои што треба да ги избегнувате. Затоа би било добро овие вежби да ги правите под надзор на инструктор, ова особено се однесува на почетниците.

Доколку веќе подолг период вежбате, а во исто време имате и одредени сомнежи конслутирајте се со вашиот инструктор. Исто така избегнувајте позиции во вежбањето во кои не се чуствувате пријатно. Доколку почуствувате одредени потешкотии или било какава болка во текот на вежбањето или пак после тоа, веднаш прекинете со вежбање и конслутирајте се со вашиот лекар.

Вежбање јога за време од сите 9 месеци – ДА или НЕ?

Посебните вежби во јогата наменети за трудиците претставуваат комбинација на вежби кои се наменети за истегнување и зајакнување на телото. На тој начин се зголемува силата и издржливоста и тоа претставува одлична вежба која вас ќе ве подготви за физичките, емотивните и менталните потреби за време на бременоста и породувањето.

Позициите кои ги правите во текот на вежбањето се модифицирани за сите фази од бременоста, па затоа јогата joga-za-vreme-na-bremenost-3можете да ја практикувате во текот на сите девет месеци, но сепак тоа најдобро би било да го правите со инструктор а не сами.

Не треба да правите вежби кои премногу ги оптеретуваат стомачните мускули (бидејќи стомакат цело време треба да биде опуштен) и кои ја притискаат матката.

Доколку никогаш порано немате вежбано јога за време на вашата бременост вие може да започнете со вежбањето, но пак ќе повториме – тоа да биде под надзор на инструктор, кој ќе ви каже кои вежби можете да ги правите и како правилно да ги правите. Избегнувајте да користите разни прирачници и видео снимки, бидејќи на тој начин никој не може да ве контролира и да ве советува доколку некаде грешите.

Опрема за вежбање на јога…

Многу е важно да носите опрема која ќе ви биде удобна и во која ќе можете слободно да се движите. Памук и ликра се најдобар избор. Освен тоа со себе треба да носите и подлога на која ќе вежбате. Доколку сакате дополнителна удобност над подлогата може да ставите ќебе или некој подебел пешкир.

Во кои ситуации јогата не се препорачува?

Во некои случаеви треба да се избегне вежбањето јога или можеби само одредени вежби во јогата. Доколку жената носи две или повеќе бебиња, доколку има зголемен притисок или некоја посериозна болест, доколку предходно имала предвремено породување или спонтан абортус или пак вагинално крварење, не би требало да вежба. Меѓутоа, вежбите кои се насочени кон правилно дишење, опуштање на телото или медитација се препорачуваат на сите трудници без никакви ограничувања.

joga-za-vreme-na-bremenost-1

Кои позиции при вежбањето треба да се избегнуваат?

•    Напрегнувањето и вртењето, особено во пределот на стомакот треба да се избегнува
•    Избегнувајте ги превртените позиции (стои на глава, раце или рамена)
•    Треба да ги избегнувате вежбите наменети за стомачни мускули
•    Лежењето на стомак не се препорачува, особено после првото томесечие, но исто така и лежењето на грб не е препорачливо

 

Совети за вежбање по тромесечја

Прво тромесечје:

Во првото тромесечје неопходно е внимателно да вежбате и што можете повеќе да се одмарате. Слушајте го своето тело и почуствувајте кога е време да застанете и да се одморите. Исто така завршните вежби кои се прават за опуштање не ги правете легнати на грб туку бидете легнати на страна, со што би се избегнал допполнителниот притисок врз крвниот сад кој носи крв од матката до срцето. Не заборавајте пред вежбањето, во текот на вежбањето и се разбира после вежбањето во своето тело да внесувате доволно количество на течности (најубаво би било да пиете вода).

joga-za-vreme-na-bremenost-6Второ тромесечје:

Во второто тромесечје вие може да почуствувате зголемување на вашата енергија, после малиот пад во текот на првото тромесечје.

Сепак и во овој период може да почуствувате одредена вртоглавица, па затоа доколку се наоѓате во стоечка позиција најдобро би било кога сте во можност да бидете потпрени за ѕид или за некоја столица. Лежењето на стомак и на грб не се препорачува ниту во овој период.

Трето тромесечје:

Во третото тромесечје посебно се посветува внимание на начинот на дишење. Проблем може да претставува одржувањето на рамнотежа, па затоа секогаш треба да се придржувате на ѕид или некоја столица. Сите вежби се прават пополека и внимателно, со продолжен период на одмор.


Leave a Reply