Деформитети кај децата на училишна возраст

Разно

март 31, 2014

Kога се споредуваат сите деформитети на скелетот, третина од децата на училишна возраст имаат по некој деформитет…

Оптеретувањето на телото поради претешкиот училишен ранец, некорегираниот диоптер за гледање, недоволната застапеност на физички вежби, отсуство на витаминска исхрана за време на напорните денови и замор поради обврските во периодот на нивен интензивен раст и развој, може да бидат причина за посојаниот висок процент на ученици со лошо телесно држење.

deformiteti-kaj-detcata-na-uchilishna-vozrast-1Лошото телесно држење за време на стоење или седење се карактеризира со завиен став, воспаление во градниот кош, опуштен стомак, искривена кичма и многу други. Ваквата ситуација настанува поради оптеретување на само една група на мускули, односно поради неурамнотеженост помеѓу една група на мускули над друга.

Со промена на положбата може комплетно да се истегнат мускулите кои најчесто се исправуваат за време на одмор, но ако лошото држење потрае, поради растот во неправилна положба, може да се развие вистински деформитет.

Деформитет на кичмата е константиран кај речиси 15% од децата на училишна возраст и така и понатаму претставува еден од примарните здравствени проблеми кај децата. Набљудувани се кифоза, сколиоза и лордоза, а се запазува и одржувањето на бројот на ученици со деформитет на кичмениот столб за време на повеќе години на приближно исто, високо ниво – кривење на кичмата бочно лево-десно, напред-назад или изразено напред  во слабинскиот предел, се присутни кај секое шесто дете во основно училиште.

Деформитет кај стапалата е забележан кај речиси 17% од учениците што значи дека повеќе од секое шесто дете го има овој деформитет. Кога се набљудуваат сите деформитети на скелетот заедно, третина од децата на училишна возраст имаат некој деформитет, а кај некои деца сигурно постојат повеќе деформитети истовремено.

Телесната нахранетост на систематските прегледи по досегашната методологија се оценуваше описно (добра, средна, лоша), без ознака дали се работи за гојазност која е честа или недоволна нахранетост.

Според некои истражувања, речиси третина од децата на училишна возраст покажуваат отстапување од нормалната нахранетост.


Leave a Reply