Боенки за деца

Живот Книги и филм

јуни 15, 2013

Боенките за деца претставуваат многу добар начин за забава на најмалите. Преку нив, можете да ја разбудите креативноста на детето уште кога е мало. И секако, додека вашето дете бои, вие ќе имате време за да си ги извршувате домашните задачи.

Во зоолошката градина

vo-zooloskata-gradina-1Година на издавање: 2012

Издавачка куќа: Топер

Јазик: Македонски

Краток опис: Оваа боенка е полна со поими на животни е вистинско богатство од активности за деца. Тие ќе бидат пресреќни да ги откриваат имињата на поимите, да ги изгребат сликичките со паричка, да го откријат одговорот и да ги обојат! Тоа е одличен начин да ја разбудите креативноста кај вашите најмали.

 

Во парк

vo-park-2Година на издавање: 2012

Издавачка куќа: Топер

Јазик: Македонски

Краток опис: Уште една интересна боенка преку која децата ќе можат на креативен начин да ги погодуваат поимите кои се содржат во истата. Боенката ќе им открие многу нови работи и предмети кои малите веќе ги гледаат околу себе, а ова е начин да започнат да ги учат и да ги препознаваат.

 

На фармата

na-farmata-3Година на издавање: 2012

Издавачка куќа: Топер

Јазик: Македонски

Краток опис: Оваа боенка ќе им овозможи на најмалите деца интересен начин да започнат да ги учат животните. Секако претходно објаснете им за тоа која боја на кое животно одговара.

 

Штрумфови-боенка велештрумф

strumfovi-boenka-5Година на издавање: 2012

Издавачка куќа: Просветно дело

Јазик: Македонски

Краток опис: Оваа боенка ќе им озвозможи дечињата да се запознаат со велеградот на штрумфовите. На креативен начин, децата ќе може да ги учат карактерите од овој познат цртан филм.

 

 

 

Боенки со налепници – Шумски животни

sumski-zivotni-6Година на издавање: 2012

Издавачка куќа: Просветно дело

Јазик: Македонски

Краток опис: Оваа боенка, покрај тоа што има место каде вашите најмали ќе можат да ги бојат шумските животни, исто така содржи и налепници, кои ќе им ја доловат вистинската слика за шумскиот свет.


Leave a Reply